еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

МВР влезе во веледрогеријата „Пановски“: Обвинителството отвори истрага за паралелен увоз на лекови

Основното јавно обвинителство – Скопје врши проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот за паралелен увоз на лекови и не станува збор за претреси, велат за МИА од Обвинителството.

Од Обвинителството посочуваат дека предметот за паралелен увоз на лекови бил отворен по допрен глас во Основното јавно обвинителство – Скопје, а подоцна во текот на предистражната постапка предметот е предаден на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

-По предметот се преземаат предистражни дејствија подолг временски период. Денешните активности на Министерството за внатрешни работи се резултат на претходно издадени наредби од страна на предметниот обвинител кои заради актуелната состојба со пандемијата не биле до сега реализирани.

Во случајов не станува збор за претреси, туку за вршење на проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот, велат од Обвинителството.

Полициски инспектори од Одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево по наредба на Обвинителството влегле во веледрогеријата „Пановски“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немаме пари за да испечатиме учебници по сите предмети во средното образование, вели министерот Шаќири

Редакција

20-годишна девојка од Скопје почина по пад од зграда

Редакција

Владата на Ковачевски ќе поднесе оставка во четврток, новата на Џафери треба да се изгласа до недела на полноќ

Редакција