еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најмногу изгуби, кажа Ѓорчев на судењето за насилствата во Собранието

Тој 27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби? ВМРО-ДПМНЕ најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на Голи Оток, рече на денешното сведочење за организаторите на насилствата во Собранието на 27 април, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, пренесува Мета.

Според него, настаните на 27 април не биле исклучок туку голем план, бидејќи како што рече „некој сакаше да се случат проблеми“.

Денеска сведочеше и пратеникот Зеќирија Ибрахими кој за тоа што на седницата на 27 април ја испеа албанската химна, вели дека тоа било процедурално. Пеењето на македонската химна од страна на Крсто Мукоски, за Ибрахими, било провокација.

На денешното рочиште сведочат и пратениците Дафинка Јовановски, Ана Лашкоска, Ејуп Алими, Реџеп Исмаили и Теута Биљали.

Сите сведочат по барање на обвинетиот Трајко Вељановски, кој заедно со Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски се обвинети дека ги организирале настаните од 27 април.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет новозаразени со корона вирусот во Прилеп, тројца починати

Редакција

Убава вест: Оздравени 159 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово

Редакција

Девет починати лица од Ковид-19, кај осум регистриран коморбидитет

Редакција