еМагазин
Image default
Македонија

Полицијата го спроведе во притвор Агим Исмаиловиќ, кој е обвинет во случајот „Монструм“

Полицијата го приведе Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во случајот „Монструм“, откако денеска судот на барање на Обвинителството му одреди мерка притвор.

„Лицето е обезбедено и ќе биде пренесено во КПУ Затвор Скопје“, потврдуваат од МВР.

Во случајот „Монструм“, за петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени лицата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Случајот моментално е во фаза на доказна постапка, откако со одлука на Врховниот суд беше вратен на повторно судење во Кривичен суд Скопје.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вештак, сведок во случајот „Монструм’’: Земјата од Смилковско Езеро и од возилото е анализирана, не е вештачена

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештак во случајот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проектот за поголема безбедност Safe City ќе се проширува во повеќе градови

Редакција

Нови 89 случаи на Ковид-19, починато едно лице

Редакција

“Не за бугарскиот Хитлер!“: Левица до ОЈО Охрид поднесе инцијатива за забрана на здружението „Цар Борис III“

Редакција