еМагазин
Локално

Кај затвореник во затворот во Струга пронајдени 250 грама марихуана

На 16.11.2020 во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската полиција од Казнено поправната установа „Теферич“ била извршена контрола и претрес над затворските ќелии со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу 19:00 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ. П. пронајдена е околу 250 грама марихуана, информира МВР.

„Известен е јавен обвинител од ОЈО Струга со цел понатамошно постапување за кривично правниот настан и против осуденото лице кај кое беше пронајдена наркотичната дрога ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за 41-годишник од Кавадарци осомничен за полов напад врз деца

Редакција

(Галерија) Во скопски Центар отворена најмодерната градинка во Македонија, еве како изгледа

Редакција

Мали оштетувања на две куќи од пожарот во Дојран, постои опасност од неексплодирани гранати

Редакција