еМагазин
Image default
Македонија

Денеска протест на ВМРО-ДПМНЕ за „одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа повика на надпартиски предупредувачки протест за, како што напиша на својот профил на Фејсбук, „одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет“.

– Протест сега, за да не биде предоцна! Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи” и „престапници”, а не ослободители.

Не! Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи, напиша Мицкоски.

Македонија, како што наведува, е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување.

– Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна. Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет, напиша Мицкоски.

Протестот тој го најави за денеска во 18 часот. Ќе се тргнува од СЦ „Борис Трајковски“, а ќе заврши пред Владата. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.

– Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме. Сега, за да не биде предоцна, напиша Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Од песната „Ние не сме Срби, Бугари ни Грци“ ќе остане само “Ние не сме““: Твитер реакции за интервјуто на Заев

(ВИДЕО) Како во бугарскиот Парламент се славеше окупацијата на Македонија

Мицкоски: Ако Владата го начне македонскиот идентитет, ќе се соочи со народот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отсуството на судијата Ставрев го одложи судењето за „Титаник“

Редакција

Избеган украински пратеник, кој е под санкции на САД, добил македонско државјанство и ја претставувал Македонија во коњички спортови

Редакција

Антикорупциска отвара постапка за Мерко, за набавката на четири возила во Општина Струга

Редакција