еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за организаторите на „27 април“, како сведок е повикан Заев

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, а како сведок е повикан премиерот Зоран Заев.

На претходните рочишта за упадот и насилствата во Собранието сведочеа поранешни и актуелни пратеници.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци добија нови обвинители

Редакција

(ВИДЕО) Мицкоски: Во понеделник да се распушти Собранието, има време за вонредни парламентарни избори

Редакција

Амандманите на бугарските европратеници за “бришење“ на македонскиот јазик и идентитет не поминаа во Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ

Редакција