еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестираат во седум града

Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешните протести во седум градови.

„Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси. Денес на 27.11.2020 во 18:00 часот ќе се одржи протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради пожар затворена за сообраќај обиколницата кај Битола, лесно повредени двајца пожарникари

Редакција

Починаа шест пациенти од Ковид-19, тројца од Скопје и по еден од Прилеп, Битола и Тетово

Редакција

Фотографиите на Абази со првите луѓе на ДУИ оставаат простор да се верува дека постоело некакво влијание, вели претседателката на Антикорупциска, Ивановска

Редакција