еМагазин
Image default
Македонија

Десет деца од градинката во Кочани во домашна изолација поради позитивна воспитувачка

Десет деца и две воспитувачки во објектот „Цветови“ на детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани се во домашна изолација. Причина за тоа е позитивниот тест на коронавирусот кај една од воспитувачките на децата од четири и петгодишна возраст, кои ја посетуваат средната група.

Од установата информираа дека изолацијата е превентивна мерка против ширењето на вирусот и засега не се регистрирани нови позитивни случаи меѓу вработените.

– Во градинката најстрого се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, се врши редовна дезинфекција, а изутрината е направена и вонредна дезинфекција во просторијата на средната група, каде што престојуваа дечињата и позитивната воспитувачка.

Освен овој случај, и децата и вработените во сите пет објекти на градинката се во добра здравствена состојба, а од понеделник две вработени ќе се вратат на работа, откако им истекува рокот за домашна изолација поради претходен контакт со позитивно лице, истакна Едита Миткова, директорка на градинката „Павлина Велјанова“.

Секојдневнот прием на децата во објектите на градинката се врши во точно определени термини, при што не влез им се мери телесната температура. За сите случаи со сомнителлни симптоми е определена посебна просторија за изолација, по што се информираат родителите.

Во моментот во градинката „Павлина Велјанова“ престојуваат над половина од пријавените 360 деца, иако капацитетот на објектите е скоро двојно поголем.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ против менување на името на црквата и на државата

Редакција

Словенија ќе го ратификува Протоколот за влез на Македонија во НАТО во вторник

Редакција

Пановски за поканата на Сали на Фејсбук: Нормално на ваков начин секако не прифаќам

Редакција