еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Опозицијата со 3.000 амандмани ја блокира промената на Деловникот која би овозможила онлајн работа на Собранието

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива и Левица поднесоа вкупно 3.000 амандмани на предлогот на претседателот на Собранието, Талат Џафери за измени на Деловникот со што би се овозможила онлајн работа на пратениците.

За предлогот денеска расправаше Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања откако минатата недела собраниското мнозинство, на пленарна седница, ја утврди потребата за нивно донесување по скратена постапка.

Со поднесувањето на големиот број амандмани опозицијата фактички ги блокира промените на Деловникот со оглед на тоа што ќе треба долг период за да се разгледаат и да се одлучува по сите амандмани.

Фото: МИА

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести не продложи нови рестриктивни мерки

Редакција

Бектеши не знае дали Владата ќе поднесе законски измени за да не покачат платите на функционерите за 78%

Редакција

Ќе открие ли Боки 13 навистина каде се парите и кој е организаторот и помагачите во „Рекет„?

Редакција