еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Охрид СОС собраа 5.522 потписи за итни мерки за спас на Преспанско Езеро

На 27 ноември 2020 година до Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) поднесовме 5.522 потписи од петицијата: “Барање за преземање итни мерки за спас на Преспанско Езеро“, собрани од 25 септември до 25 ноевмри.

Воедно, петицијата беше поддржана од 31 граѓанска организација, информираат од Охрид СОС.

„Во прилог кон потписите беше доставен допис во кој се осврнавме на активностите за кои дознаваме преку соопштенијата на МЖСПП, како и дописот кој министерството го испрати до нас на 28 септември.

Од тогаш, па до денес забележуваме напредок во однос на експертската група која работи на изготвување на акциски план. Но, нема никаква информација за трилатералното тело кое треба да работи на координирани мерки и активности со оглед на тоа што Преспанско Езеро припаѓа на три држави.

Исто така, не се оствари ни најавата за можно прогласување кризна состојба во Преспанскиот слив како што се бараше и во петицијата, а беше најавено за 1 октомври, 2020 година,“ се вели во соопштението.

Од Охрид СОС посебно укажале дека МЖСПП избира со јавноста да комуницира само преку оскудни и спорадични Фејсбук соопштенија.

„Изминаа 9 месеци откако „Надлежните институции (се собраа) на координација за преземање на итни активности за заштита на Преспанското Езеро“. Наместо тоа, состаноците станаа лајтмотив на „борбата“ за спас на Преспанско Езеро и јавноста сè уште има впечаток дека одлучни мерки не се преземени.

Иако на 25 септември беше побарано на веб-страницата на министерството да посветат посебна страница на Преспанско Езеро, МЖСПП си зема за право да одлучува дали и колку граѓаните ќе бидат информирани.

Во оваа прилика го повторивме барањето за посветена страница со сите поврзани документи, тајмлајн, каде секој, во секое време ќе може да се информира за состојбата, најновите сознанија, мерките, што точно се работи и каков е напредокот.

Исто така ја реафирмиравме потребата од прогласување кризина состојба за непречено и ефикасно спроведување на мерките како и интензивирање на прекуграничната соработка и дефинирање на работни задачи до крајот на годината.

И секако, очекуваме акциски план кој беше најавен за крајот на ноември, а за кој сè уште нема информација, да биде објавен и ставен во акција час поскоро,“ се додава во соопштението.

Петицијата останува отворена имајќи предвид дека се уште се чекаат активности на терен, додека Преспанско Езеро продолжува да се празни.

Фото: Охрид СОС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 декември пластичните ќеси кои ќе ги купуваме по продавници ќе чинат 15 денари по парче

Редакција

(ВИДЕО) Еколошки инцидент во Охрид, реката Грашница обоена виолетово

Редакција

Не функционираат мерните станици за загадувањето во Гази Баба и Лисиче

Редакција