еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 38 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 491 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 23 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, пет во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца пациенти на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Очната клиника и еден на Клиниката за гастроентерохептологија.

На ОРЛ се примени четири нови болни, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

МЗ додава дека во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 48 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 26 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 152 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент и тоа 9 деца и 23 возрасни.

Вкупно 492 пациент потврден и сомнителн за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Министерството дополнува дека и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Во соопштението се додава и дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за објавување список со имиња и адреси на заразени од корона вирусот

Редакција

Протест на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка „на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев“

Редакција

Влада: Забрана за посета на гробишта освен за погреби во цела држава

Редакција