еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Краен рок за искористување на ваучерите за домашен туризам е 15 декември

Крајниот рок за искористување на ваучерите за туризам е 15 декември 2020 година, информираат од Министерство за економија.

„Заклучно со денешниот ден се искористени 61.648 ваучери за домашен туризам од вкупно доставени 100.336 ваучери на валидни е-маил адреси.Платформата „Дома си е дома“ преку која се реализираше мерката ваучери за домашен туризам ќе биде затворена за реализација на оваа мерка на 15.12. 2020 година.

Гостите кои што користат ваучер за домашен туризам ќе треба да бидат одјавени од сместувачките капацитети најдоцна до 15.12. 2020 година.

Хотелиерите кои што имаат гости кои што користат ваучери за туризам ќе треба најдоцна до 18.12.2020 година до Министерството за економија да достават фактури за плаќање, по што до крајот на годината ќе им бидат исплатени средствата од искористените ваучери,“ се вели во соопштението.

Со мерката ваучери за домашен туризам во вредност од 6.000 денари која е дел од Третиот сет мерки на Владата за справување со последиците предизвикани од пандемијата беа поделени 117.531 ваучер за домашен туризам на сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи.

Ваучерите за туризам се користеа во домашните туристчки објекти кои беа регистрирани на платформата “Дома си е дома“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На четиричлено семејство во август му требало 34.342 денари за основни потреби, ако има и ученик плус 8.000 денари

Редакција

Цените на основните производи нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто-профитната маржа до 10%

Редакција

Сите детали: Поднесени 78.000 приговори за помошта од 6.000 денари, одговори на мејл

Редакција