Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе ја прими ковид вакцината со цел преку личен пример да даде поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19.
„Штом биде достапна вакцината во земјава први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, а потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа утврдена од здравствените власти.
Потоа како и многумина граѓани ќе се вакцинирам и јас, затоа што сакам со свој личен пример да дадам поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19,“ рече Заев на прес-конференција во Владата.
Нашата држава, истакна, го следи секој чекор на развој од сите клинички студии за вакцината.
– Верувам во безбедноста на вакцината и во тврдењата на научниците дека со неа ќе се подигне имунитетот на луѓето. Граѓаните треба да бидат спокојни, државата нема да штеди за оваа намена, рече Заев, додавајќи дека верува оти следната година ќе ја сменат целокупната слика за пандемијата во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција од првата пратка на Ковид-19 вакцини, дел ќе одвои и за нас
Филипче: Јас ќе се вакцинирам, вакцината против Ковид-19 е безбедна
МИА/Фото: Влада