еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето плата во октомври изнесувала 27.899 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 27.899 денари и е зголемена за 8,4 отсто споредено со октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствената и социјалната заштита (12 проценти), Уметност, забава и рекреација (11,6  проценти) и Преработувачка индустрија (11 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,4  проценти), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,4  проценти) и Стручни, научни и технички дејности (3,6  проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесувала 41.654 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Компанијата dm дрогерие маркт остварува нови рекордни деловни резултати во својата 11-та година на македонскиот пазар

Редакција

Договор вреден 992,7 илјади евра со „Бибај компани“ склучи Министерство за животна средина и просторно планирање

Редакција

ЕДС го доби тендерот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за набавка на струја вреден 690.000 евра

Редакција