Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 20. декември покажуваат дека во Македонија вкупно 385 бремени жени заболеле од Ковид-19, а починале 7.
“Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=59.893; 76,4%), пријавени се 385 (0,6%) случаи кај бремени жени, од кои 61 била хоспитализирани во текот на болеста.
Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 109 се асимптоматски случаи„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин го пренесува редовно.
Според податоците на ИЈЗ, регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители
Вкупно 2.954 здравствени работници заболеле од Ковид-19, починале 21
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.