еМагазин
Свет

Европол предупредува на опасноста од лажни вакцини против Ковид-19

Директорката на Европол, Катерина Де Бол денеска предупреди на опасноста од потенцијални лажни вакцини против Ковид-19.

Таа истакна дека криминалците најверојатно би се обиделе да ја искористат големата побарувачка за вакцини во светот.

Де Бол наведе дека се забележани „конкретни знаци на валкана игра, како што е понуда на лажни вакцини на социјалните мрежи“, поради што апелира на внимателност.

Таа посочи и дека државите мора да бидат подготвени оти криминални групи ќе се обидат да ги украдат вакцините, а Европол веќе идентификувал потенцијални жаришта.

И Интерпол на почетокот од месецот исто така објави предупредување дека организирани криминални групи можно е да се обидат да продадат лажни вакцини, како и да украдат од резервите вакцини против Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Хамас ослободи две Американки, мајка и ќерка

Редакција

(ВИДЕО) Рускиот бизнисмен Ротенберг тврди дека палатата од 1,3 милијарда долари е негова, а не на Путин

Редакција

(Видео) Украина: Од Русија испукани повеќе од 50 крстосувачки ракети, прекин на струја во неколку региони

Редакција