еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Сите детали: Поднесени 78.000 приговори за помошта од 6.000 денари, одговори на мејл

Владата очекува толеранција од банките во наредните денови, додека целосно не заврши исплатата на предвидената поддршка од 6.000 денари, зашто се работи за граѓани од најранливите категории, кои беа најпогодени од кризата, рече денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.

Како што информира Арсовски на прес-конференција, обработени се сите приговори, но конкретните бројки ќе бидат соопштени најдоцна до утре.

Портпаролот е дециден дека помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите. Тоа што доцнеше донесувањето на Законот во Собранието ги предизвика непријатностите. Владата стори се помошта да стигне до оние за кое е наменета, а целта е никој да не биде изоставен.

„Иако Законот не ја обврзува Владата, мора да се каже дека приговорите се обработени во рекорден рок, а стануваше збор за околу 78.000. На сите што поднеле приговор, ќе им се одговори на електронската адреса која ја навеле при поднесувањето на приговорот.

Се ажурираат и листите на веб страницата kupuvamdomasno.gov.mk, каде ќе можат да ги проверат истите податоци“, информира Арсовски.

Во однос на ажурирањето, законскиот рок беше 25 декември и во најголем дел постапката е завршена.

„За оние со блокирани сметки, банките кои имаат техничка можност им отворија подсметки за да се исплати помошта. Потсетуваме дека со оваа мерка се исплаќаат 27,5 милиони евра кон најранливите категории граѓани“, истакна Арсовски, одговорајќи на новинарски прашања.

Според Арсовски, заклучно со петокот, најголем дел од случаите проблемот е решен. Но, има случаи за кои не може да се има решение, на пример луѓе кои добиле ваква помош, а живеат во странство невозможно е да ги ажурираат своите податоци.

„Многу мал дел од најчесто вакви случи не се затворени, затоа апелираме до банките ако има некој надвор од овие случаи, да има поголема толеранција за тоа да биде завршено до Нова Година“, напомена Арсовски.

Владиниот портпарол рече и дека наскоро ќе има консултации со синдикатите, стопанските комори, социјалните партнер и сите други чинители за да бидат таргетирани мерките од следниот антикризен пакет, а средствата се веќе таргетирани.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Еднократна помош од 6.000 денари и за граѓаните со блокирани сметки

Податоците ажурирани: Проверете дали сте добиле финансиска помош од Владата од 6.000 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пензиите за март ќе се зголемат за 8,4%

Редакција

Анкета на „Факултети“: 83,7% би се отселиле од државата, животот им бил уништен

Редакција

Од 1. март можен нов ценовен шок за граѓаните, завршува мерката „гарантирана цена„

Редакција