еМагазин
Image default
Локално

Кривични пријави за четворица угостители кои работеле по 18 часот

Полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат на 26/12/2020 година во периодот од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје вршеа контроли за почитување на мерките од Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време угостителските објекти, соопшти МВР.

„Контролирани се 285 објекти и констатирани се четири непочитувања на работното време (едно во Аеродром, едно во Гази баба и две во Сарај), кое согласно последната одлука се ограничува на 18:00 часот, за што ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави за сопствениците на објектите, а од страна на ДПИ изречена забрана за работа.

Во угостителски објект на ул. Перо Наков во 18.40 часот е констатирано дека работи и во него има гости. Сопственичката В.Н. е лишена од слобода и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок Во објект на бул. Трета македонска бригада во 20.30 часот се затекнати гости, а одговорното лице Д.Ј:, кое е затекнат во објектот е лишено од слобода и по документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Непочитување на работното време и присуство на гости е констатирано и во чајџилница во с. Копаница и кафе бар во с. Чајлане и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Фрлале столови и шут во канализација, па барале помош бидејќи се запушила

Редакција

Тешко повредено шестгодишно дете по удар од мотоцикл

Редакција

Пожар во Јасен

Редакција