еМагазин
Image default
Бизнис

Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар по литар, цената на останатите горива останува иста

Бензинот еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 изнесува 61 денар за литар, а еуросупер БС 98 и понатаму ќе се продава за 62,5, еуродизел (Д-Е V) за 53, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,763 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 2,036 отсто, како и  за 0,354 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „ReThink: Учиме од Шведска“

Редакција

НЛБ Банка со целосно бесплатно мобилно и електронско банкарство до 15-ти април

Редакција

Народната банка распиша оглас за избор на вицегувернер

Редакција