Даниела Рангелова, поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и поранешна претседателка на Унијата на жени на партијата, денеска сведочеше за случајот кој се однесува на организаторите на настаните во Собранието на 27 април 2017 и рече дека никогаш како партиски функционер не повикала некој да се приклучи на движењето „За заедничка Македонија“, што резултираше на крајот со крвави инциденти во Законодавниот дом.
Таа додаде дека не присустувала на ниту една седница на партијата на која се дискутирало за организирање на протести.
„Унијата на жени пак воопшто нема надлежност да носи одлуки за протести, туку се занимава со други работи“, појасни Рангелова.
Таа информира дека на 27 април 2017 година до вечерните часови била во Собранието.
„Таму бев до 20 часот, потоа сите пратеници бевме евакуирани во касарната во Ѓорче Петров“, наведе Рангелова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ