еМагазин
Image default
Македонија

И Тетово доби модуларна болница

Монтажниот објект за болничко лекување на ковид позитивни пациенти во кругот на тетовската клиничка болница е при крај. Надворешната работа е целосна готова со изградба на основа и поставување монтажни ѕидни панели, а започнато е со работа и во внатрешноста.

– При крај се сите работи, се работи на поставување на санитарија и електрична инсталација за модуларната болница. Мислам дека за една до две недели ќе биде целосно готова и ќе може да се примаат пациенти, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид-центарот.

Во моментот во Ковид-центарот има 15 лица од кои 10 се со потешка клиничка слика и затоа се на болничко лекување.

– Само денес се примени тројца пациенти на болничко лекување. Амбулантски прегледи има околу 35 пациенти во една смена и има тендеценија на зголемување, но тоа не значи дека сите се заболени од Ковид-19.

Бројот на починати е некаде 1 до 2 просечно во моментот. Баравме и со мали симптоми да се јават во Ковид-центарот или кај матичен лекар, изјави д-р Нуредини.

Во последната денешна евиденција на заболени од Ковид-19 за тетовскиот регион има 316 активни случаи. Пред еден месец или на 28 декември 2020 имаше 878 активни случаи.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 10 нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.605

Редакција

Четворица ученици од штипските основни и средни училишта позитивни на Ковид-19

Редакција

(Видео) Рама на шега го престави Ковачевски на Шолц како “премиер на западна Бугарија„

Редакција