Штипјанка агресивно се однесувала и упатувала закани кон вработени во Клиничката болница во Штип. Инцидентот бил вчера пријавен, по што полицијата од слобода ја лишиле 46 – годишната С.Р од Штип.
Надлежните од СВР Штип велат дека по комплетирање на случајот против С.Р ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА го потврдува инцидентот и вели дека се случил на одделот за рендген.
Што се однесува за соостојбата со Ковид центарот, таа е нормализирана. Во моментов имаат 27 слободни кревети, на Инфективното одделение се лекуваат 32, а на одделот за Анестезиологија тројва потешки пациенти.
На кислородна поддршка имаат вкупно 25 пациенти.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.