еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Лавина од пријави за сексуално насилство на Балканот: За еден ден 1.200 сведоштва на „Нисам тражила“

Во последните неколку дена, во Хрватска излегоа на виделина повеќе од 30 случаи на сексуално вознемирување, што е повеќе од тоа што беше претходно пријавено за цела година.

Сето тоа се случи откако неодамна започна да се расплетува мрежата преку исповед на жртвите на сексуално злоставување, силување и вознемирување во регионалното движење „Ме Тоо“.

Откако српската актерка Милена Радуловиќ јавно објави дека е жртва на силување на нејзиниот професор по глума Мирослав Мика Алексиќ, анонимните признанија на жртвите на сексуално насилство, како дел од иницијативите „Не барав“ и „Не си сама“ се проширија преку социјалните мрежи.

Со искуства на сексуално вознемирување, па дури и силување, многу жени се појавија во јавност и со име и презиме. Фејсбук страницата „Нисам тражила“ е основана од четири поранешни студентки на Академијата за драмски уметности во Сараево, Ана Тиквиќ, Надин Мичиќ, Асја Крсмановиќ и Матеа Маврак.

Актерката Мичиќ во изјава за Хина рече дека одлуката да се воспостави платформа на која анонимно ќе можат да се споделат овие трауматски искуства е донесена како прв порив кон исповеста на нејзината колешка Радуловиќ.

Тие истакнуваат дека тогаш, пред една недела, наивно помислиле дека ги нема во голем број, но нивната страница во меѓувреме собра 40.000 луѓе, кои, како што вели, се таму со иста цел, да прочитаат нешто што ги потсетува на нивната приказна или да ги објави своите.

– Она што е прикажано и што ѝ е јасно на јавноста е дека бројките се шокантни, вели Мичиќ, додавајќи дека страницата примила над 1.200 пораки за само еден ден.

Мичиќ вели дека овие сведоштва, кои доаѓаат од луѓе од Србија, Босна и Херцеговина и од Хрватска, мора да го вклучат црвениот аларм кај сите.

– Неверојатно е со што треба да се справат луѓето кои доживеале сексуално злоставување, силување, вознемирување и колку жени помислиле дека некои работи поминуваат сами од себе, рече Мичиќ, која верува дека очигледно е грешка во системот што треба да се менува.

Регионалното „И јас“ движење (Me Too) исто така започна бран извештаи за сексуално вознемирување во образовните институции, но и на работните места во Хрватска.

Академијата за драмски уметности во Загреб досега има добиено 27 пријави за сексуално вознемирување и злоупотреба, а двајца професори на филозофскиот и ветеринарниот факултет во Загреб се суспендирани.

Деновиве, шефот на граничната полициска станица во Груда, Матко Клариќ, е отпуштен поради сексуално вознемирување на подредените полицајки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега

Редакција

(Вознемирувачко видео) Безбедносните камери во „Дежа Ву“ во Капитол Мол, забележаа возрасна жена како малтретира мало дете

Редакција

Почина новинарката Весна Крстева

Редакција