Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 5 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 84 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.
Вкупно 263 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.
Во него се додава дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 105 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Фото: МЗ