еМагазин
Image default
Бизнис

Даскалов од „Пејпер Мил“ Кочани: Правиме напори да создадеме услови со поддршка на сите чинители и да ја рестартираме фабриката во април

Нови инвестиции и оптимизам за рестартирање на единствената фабрика за рециклирање на хартија „Пејпер Мил“, најавува генералниот директор на фабриката Јулијан Даскалов во интервју за порталот Фактор. 

„Одлуката за прекин на работењето нè погоди сите, но оптимизмот не нè напушта и конструктивно и активно работиме на надминување на околностите од новонастанатата состојба. Правиме напори да создадеме услови и поддршка на сите чинители за рестартирање на фабриката во април оваа година.

Ние сме дел од сериозна бизнис групација и засега е јасно дека никој не е подготвен да губи повеќе без да има најмала идеја како, кога и кој може да дојде и да ја затвори фабриката и со каков аргумент. Оваа и следната недела имаме разговори во централата, како и тука во Македонија, и се надевам дека ќе најдеме соодветно решение за стабилизација и продолжување со работа на единствениот рециклатор во земјава.  

Освен тоа, ние имаме обврски и кон нашите добавувачи и купувачи, чии двомесечни нарачки бевме приморани да ги откажеме на неопределено време. Секако и кон вработените, чиј статус го решивме за следните два месеци, но во разговорот со нив, чесно им најавивме дека ќе направиме сé за да ги рестартираме процесите во фабриката и да ги вратиме на редовна работа,“ – изјавува Даскалов.

Тој посочува дека во однос на решението добиено од Инспекторатот за животна средина смета дека се работи за недоразбирање за неприфаќањето на резултатите од мерењето на лабораториите и нагласува дека процесите се во целосна согласност со А интегрираната дозвола која ја има фабриката.

„Користењето на биогориво, во нашиот случај био маса, е сосема во согласност и според стандардите на А интегрираната дозвола, а целиот тој процес на набавка на котелот на биомаса беше во координација со Министерството за животна средина. Пред сè сакам да нагласам дека и од наш интерес е да имаме целосен и правилен увид во вистинските вредности, затоа и често правиме мерења и соработуваме со повеќе акредитирани лаборатории од земјата и ЕУ.

Досега ниту една лабораторија никогаш не покажала лоши резултати. Нам практично стандарди ни наметнува и самата Групација во рамките на која ние делуваме. Како дел од една Групација која работи во областа и во ЕУ (United Cluster), во кодексот на работа ни е да бидеме општествено одговорни и да ги следиме стандардите на Групацијата, кои вклучуваат ISO сертификација, FSCC и други еколошки стандарди, апсолутно задолжителни за секоја од компаниите.“ – истакнува Даскалов и додава:

„Со жалење ќе нотирам дека и покрај, еве веќе две недели неработење на фабриката Пејпер Мил, која беше етикетирана како најголем загадувач во градот, вредностите на загаденост на воздухот во Кочани и натаму се високи. Не би сакал да ме разберете погрешно, но ние навистина долго време од жителите на градот бевме посочувани како извор на проблемот, а се покажа дека и по нашето затворање, состојбата не е подобрена.“ – потенцира генералниот директор на Пејпер Мил.

Даскалов најавува можност за скоро рестартирање на работењето на единствената фабрика за рециклажа на хартија во Македонија, повикувајќи се на плановите за нови инвестиции и вработувања, како и на позитивните резултати од работењето кои за прв пат по пет годишен инвестициски циклус ги има Пејпер Мил.

„Ние сме деловно ориентирани луѓе и за нас и за нашите сопственици е важно да имаме одржлив, еколошки и општествено одговорен бизнис во сите аспекти на работењето, што секако носи одредена стапка на профит. Во таа насока се и вложувањата од 7-те милиони евра кои ние ги направивме во модернизирање на технологии и процеси, по купување на фабриката. Посебен пристап беше направен кон чистите технологии и адаптација за рециклажа.

Во нашите идни развојни планови предвидовме нови 15 милиони евра инвестиции во квалитетот на производите, зголемување на капацитетот и минимизирање на влијанието врз животната средина и за 30% зголемување на човечкиот капитал во фабриката, што ќе има бенефит и за нас како компанија, за вработените, за локалната заедница, но и за целата земја,“ – потенцира Даскалов во интервјуто за Фактор.

Пет години по купувањето управата на „Пејпер Мил“ од Кочани, кон средината на јануари донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време откако Инспекторатот за животна средина со решение наложи работење со користење на метан како единствен енергенс на фабриката, како резлутат на што 120-те вработени два месеци нема одат на работа со по 70% од платата за целиот период додека трае прекинот на работењето.

ПР-објава
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распишан оглас за вработување на 9 лица во затворот Идризово, плата до 21.010 денари

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Европа“ за 50.000 евра

Редакција

Народна банка повторно ги зголеми каматните стапки

Редакција