еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Премиерката Аунг Сан Су Чи го повика народот да не го прифаќа воениот удар, војската најави нови избори

Војската на Мјанмар денеска соопшти дека ќе се одржат слободни и фер избори во земјата и дека ќе и ја предаде власта на победничката партија, откако ја презеде контролата над земјата, повикувајќи се на неправедно гласање одржано минатата година.

Во текстот на официјалната воена веб-страница, во кој се сумира состанокот на новата хунта, се вели дека врховниот командант, генерал Мин Аунг Хлаинг, се обврзал да воведе вистински повеќепартиски демократски систем во кој владее дисциплина.

Во соопштението не се споменува временската рамка за одржување на изборите, но претходно беше наведено дека вонредната состојба ќе трае една година.

Војската на Мјанмар рано утрово прогласи вонредна состојба, ја презеде власта во земјата и потврди дека извршила апсења на високи владини функционери, како одговор на наводната измама за која тврдат дека била извршена за време на минатогодишните општи избори.

Власта ја презеде Врховниот командант на вооружените сили, генерал Мин Аунг Хлаинг.

Аунг Сан Су Чи го повика народот во Мјанмар да не го прифаќа воениот удар

Премиерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи, која е уапсена денеска, го повика населението да „не го прифаќа“ воениот преврат, се наведува во писмото кое го објави нејзината партија на социјалните медиуми.

Лидерот на Националната лига за демократија, Вин Хтеин напиша на Фејсбук дека шефицата на Владата, Аунг Сан Су Чи „ја оставила оваа порака до народот“.

Војската на Мјанмар прогласи денеска вонредна состојба во траење од една година и постави генерали на клучните места во земјата.

Аунг Сан Су Чи и претседателот на Мјанмар, Вин Мјинт се уапсени во главниот град Непјидо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Државен удар во Мјанмар, војската ја презеде власта

МИА/Фото: Фејсбук/Аунг Сан Су Чи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Анета Симеска Димоска, која доаѓа на местото на Стојко Пауноски на директорската позиција во Државниот пазарен инспекторат

Редакција

Тестирано уште едно лице на корона вирусот, резултатот е негативен

Редакција

(Фото) И Силјановска бојадиса јајца за Велигден

Редакција