еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 16 пациенти, а вкупно се лекуваaт 240

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 16 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

Вкупно 240 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 20 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 19 пациенти.

Вкупно 240 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 94 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Намалување од 39,3%: Минатата недела 1.069 случаи на Ковид-19

Редакција

Лични впечатоци од средбата со Меркел: Заев и Димитров „непоправливи“ оптимисти

Редакција