еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) Нуркачи ги осветлија водите на Охридското Езеро во боите на ретките болести

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид се приклучија кон националната кампања за осветлување на знаменитости и културно-историски споменици со цел подигнување на свеста и запознавање со ретките болести.

Тие со илуминација поставена кај месноста Сараиште ги осветлија водите на Охридското Езеро, на местото каде се наоѓа старата дрвена шина користена за извлекување бродови и пловни објекти.

Претходно со илуминација во акцијата се вклучи и Архивот на Охрид, со осветлување на објектот во боите на ретките, а акцијата стартуваше на 1 февруари кога беше осветлена Самуиловата тврдина во Охрид.

Тврдината ќе биде осветлена во боите на ретките болести се до крајот на февруари до кога и трае националната кампања за запознавање на ретките заболувања.

МИА/Фото/Видео: МИА/Youtube/Акватек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

M6 Едукативен центар стана официјален партнер на Адижес Институтот

Редакција

Отворени денови на ММ Publications на штандот на „Арс студио“ на Саем на книга 2019

Редакција

(Фото) Кујтим и Афердита возеа со велосипед од Виена до Горно Строгомиште кичевско, со порака за „чист воздух”

Редакција