еМагазин
Image default
Македонија

Се очекува од утре да биде во функција веб-страницата за пријавување за вакцинација против Ковид-19

Веб-страницата за пријавување и изразување интерес за вакцинација против Ковид-19 се очекува утре да биде во функција. Тоа значи дека буквално секој може да се пријави.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека системот сам ќе генерира приоритети, што значи дека ќе ги прими податоците дури и за помладите кои немаат хронични болести, а кои изразуваат волја за вакцинација и тогаш кога ќе дојде редот за вакцинација ќе им стигне известување соодветно.

„Значи, волјата се изразува еднаш преку регистрација на сајтот“, појасни Филипче.

На прашање како ќе имаат контрола дека матичните лекари им се јавиле на своите пациенти, Филипче рече дека тоа ќе биде на тој начин што ќе има потврда назад до системот „Мој термин“ дека тие се согласни да бидат вакцинирани.

„Ние го имаме точниот список. Сега веќе зборуваме за другата приоритетна категоријата на повозрасни граѓани над 70 години кои исто така влегуваат во овој да кажам прв круг на вакцинација.

После контактирањето од страна на матичниот лекар се регистрира информацијата во системот „Мој Термин“ во кој се кажува волјата за вакцинација и понатаму се прави точен распоред со време и пункт согласно со близината во однос на местото на живеење и тоа е доволно да се закаже термин и нормално дека ќе се очекува граѓанинот да се јави на вакцинација“, истакна Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Течат роковите за приговори и жалби за изборните резултати

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 64 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.200

Редакција

Пендаровски: Ни Бугарија не спори дека Михајлов бил соработник на Хитлер, лага е дека 10 илјади лица биле убиени во Македонија затоа што се нарекувале Бугари

Редакција