еМагазин
Image default
Македонија

Кај 10 пациенти во Прилеп е утврден британскиот сој на Ковид-19

Од 45-те пациенти кај кои лабораторијата на МАНУ утврди присуство на мутираниот сој од Велика Британија на Ковид-19, 10 пациенти се од Прилеп, соопштуваат од прилепскиот Центар за јавно здравје.

„Преку Инфективното одделение на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ од Прилеп, на 7 февруари се земени брисови од петмина пациенти, на 6 февруари од двајца, а во последната недела од јануари од тројца пациенти.

Од нив, седуммина се наоѓаат на домашно лекување, а тројца се хоспитализирани“, информираат од Центарот.

Надлежните од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека наредниов период очекуваат зголемување на бројот на нови случаи на коронавирусот, бидејќи британскиот сој е позаразен во однос на претходниот сој.

„Во таа насока, упатуваме апел до граѓаните максимално да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот: носење заштитни маски, држење дистанца, миење раце, како и мерките на Владата за забрана за групирање на јавен простор“, соопштуваат од прилепскиот Центар за јавно здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најфреквентен во Охрид и Прилеп: Британскиот сој на Ковид-19 утврден кај 45 лица во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 221 болни од Ковид-19

Редакција

Индекс на безбедност: Граѓаните се уште се плашат од Голема Албанија и од евроатлантска изолација на Македонија

Редакција

Вкупно до сега 3.340: Починаа 21 лице од Ковид-19

Редакција