еМагазин
Image default
Македонија

Треба да сведочи и поранешниот претседател Иванов: Продолжува судењето за организаторите на 27 април

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

За денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои и поранешниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи треба да одлучи за Џамбаски, вели премиерот

Редакција

Во скринингот за Ковид-19 опфатени 364 основни и 109 средни училишта

Редакција

Изнајмената куќа на Катица Јанева во скопско Козле месечно не чинела 400 евра

Редакција