еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Вучиќ-Заев: Ние можеме едни на други да си помогнеме

Короната долго ќе трае и сите се добредојдени за помош и Сараево и Подгорица и Приштина и немаме никаков проблем со тоа. Ќе дојде и помошта од Европската Унија подоцна, но ние можеме едни на други да си помогнеме, истакна денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Јас сум малку политички поискусен од премиерот Зоран Заев и затоа секогаш прво верувам во својот коњ, а потоа во другите. Затоа уште во март и април почнав да барам начини за да набавам вакцини, рече Вучиќ во одговор на прашање по примопредавањето на српската донација вакцини од „Фајзер“ за македонскиот народ на граничниот премин Прешево-Табановце.

Премиерот Заев посочи дека односите што ги имаме со Србија и Албанија се пример за соработка која ја унапредува соработката што ја имаме низ европските процеси и Берлинскиот процес.

-Сакаме да покажеме многу повеќе од тоа што досега е постигнато. Отворени се вратите и за Косово и за БиХ и за Црна Гора и верувам дека многу брзо ќе се приклучат на оваа инцијатива затоа што носи само добро и придобивки за народот.

Од Европската Унија очекуваме многу брзо да ги испрати вакцините на солидарност. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра помош, а причините се недостатокот на вакцини, рече Заев.

Во ваков недостаток на количини, потенцира, српскиот народ одвојува од своите вакцини и дава на македонскиот народ.

-Ова е сериозна голема порака на братство и пријателство која што секако нашиот народ ќе знае да ја цени, потенцира Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ објасни зошто доцнеа вакцините од Србија

(Галерија) Првите вакцини против Ковид-19 складирани во фрижидер

Вакцинанцијата против Ковид-19 во Македонија ќе почне в среда со вакцинирање на здравствените работници

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ќе обезбеди помош на границите со Македонија и Албанија за непречена размена на добра во рамките на Зелен коридор

Редакција

Самит на Отворен Балкан: Заемно признавање дипломи, соработка во културата, туризмот и даночните управи

Редакција

Димитров утре на средба со Дачиќ, ќе се разговара и за отворањето на границите помеѓу двете држави

Редакција