еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Препораки за заштита од поларниот бран: Да се избегнува алкохол и работа на отворено

Поради ниските температури коишто ја зафатија земјава, Министерството за здравство препорача граѓаните да носат повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз и почеста консумација на топли напитоци.

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството препорачува и избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Исто така, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поларен студ во Македонија: Температури до минус 18 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Температура и малаксаност најчести симптоми кај заболените со Ковид-19: Кои се другите

Редакција

Да не подлегнуваме на страв и паника – стресот го инхибира имунолошкиот систем

Редакција

(Фото) Вечер празнично во домот на Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска

Редакција