еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Поларен студ во Македонија: Температури до минус 18 степени

Македонија денеска, според најавите од синоптичарите, ќе биде зафатена од поларен студ од жолта фаза со ниски тепратури кои ќе се спушат до минус 18 степени.

Управата за хидрометеоролошки рабoти соопшти дека времето ќе биде претежно ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -7, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 2 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

По одделни котлини во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла.

Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Реплек АД“ продолжува со амбициозниот развој – преземени ексклузивните права за маркетинг и дистрибуција на познатиот британски бренд HealthAid Limited UK за Адрија регионот

Редакција

Четворица ослободени во случајот „Змиско око“, кој се води 13 години, за останатите условни казни

Редакција

Разрешени министрите на Алтернатива – Сали, Алити и Чупи

Редакција