еМагазин
Image default
Локално

Приведен угостител од Тетово бидејќи работел по дозволеното време

На 15.02.2021 околу 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.М.(48) од тетовско Вешала, затоа што при контрола во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово било констатирано дека работел по дозволеното време и во него биле затекнати седум лица – гости, информира МВР.

„Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање на случајот, против Н.М. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Исто така, од слобода била лишена и косовската државјанка Л.М.(18), која се наоѓала во објектот, а која илегално влегла во нашата земја и непријавено престојувала на подрачјето. Таа била задржана во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млад штипјанец фатен на дело при тешка кражба во куќа

Редакција

Поевтинува паркингот во Штип

Редакција

Приведен 39-годишен маж кој на дете му даде оружје и го објави на Tик-Ток

Редакција