еМагазин
Image default
Бизнис

Биткоинот првпат достигна вредност од 50.000 американски долари

Биткоинот денеска за првпат ја премина цената од 50.000 американски долари, продолжувајќи го својот забрзан раст. Сепак, овој премин на големата психолошка граница траеше кратко, падна под оваа граница и вредеше 49.235 долари.

Биткоинот доби поттик по веста дека големите компании „Тесла“, „Мастеркард“ и „БНИ Мелон“ инвестираат значителни средства во криптовалути.

Минатиот понеделник, компанијата на Илон Маск, „Тесла“ соопшти дека купила 1,5 милијарди долари биткоин како дел од новата стратегија за инвестиции и наскоро ќе го прифати како начин на плаќање за нејзините автомобили.

Аналитичарите предвидуваат бавен развој кон широко распространета употреба на биткоинот за плаќање стоки и услуги.

Биткоинот генерално се перципира како залиха на вредност, како злато, со многу малку простор за трошење.

Неодамнешна студија на Дојче банк покажува дека инвеститорите сметаат дека биткоинот е најекстремниот балон на финансиските пазари.

МИА

Народна банка: Што треба да знаете за крипто-валутите и вложувањето во нив

Традиционалниот банкарски систем попушта: Доаѓа ерата на Биткоин

Илон Маск му даде легитимитет на Биткоинот: Банкарите се плашат, паметните се богатат од криптовалутата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филип Морис Интернешнал ја одржа традиционалната конференција „Technovation“

Редакција

Преполовена добивката на „Прилепска пиварница“: Одливот на население една од главните причини

Редакција

Во Македонија има 8.459 слободни работни места: Најмногу во Пелагонискиот регион

Редакција