„LPP“ модните брендови од централна и источна Европа ги отвораат своите први продавници во Ист Гејт Мол во Скопје, информираат од компанијата.
„Полската модна компанија и воедно реномиран моден бренд „LPP SA“ ги отвора своите први продавници во Скопје во Ист Гејт Мол наесен годинава. „LPP SA“ е групацијата која раководи со пет познати брендови: Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay.
Секој бренд е насочен кон различна целна група, нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување.
„LPP SA“ е глобална компанија со присуство на 38 пазари (директно и со продажба преку интернет), има 1.800 продавници и повеќе од 24.000 вработени во Европа, Азија и Африка.
LPP SA е една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа. Компанијата официјално котира на најразвиената берза во централна и источна Европа, берзата во Варшава, и тоа на индексот WIG20 – кругот на најсилните полски компании, а акциите на LPP SA се дел од престижната листа MSCI на ниво на Полска,“ се вели во соопштението.
Олга Јосевска, претставник на „LPP” за Северна Македонија, Албанија и Косово изјави дека се среќни што ги отвораат првите продавници во Северна Македонија, која е седма земја на балканскиот пазар во која ја нудат нивната мода.
„Стилот и разновидноста на нашите колекции се одлично прифатени од страна на клиентите во овој дел на Европа. Веруваме дека клиентите во Северна Македонија, според интересот што го покажуваат за модна инспирација, ќе добијат многу можности да го пронајдат својот стил и да ја изразат својата исклучителност, благодарение на нашите пет брендови,“ изјави Јосевска.
Амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски, изјави дека огромна чест е да се има водечкиот европски бренд од Гдањск во Северна Македонија, кое додава вредност на светскиот избор на брендови кој ќе го понуди најмодерниот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол.
Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков подвлече дека присуството на „LPP“ со целокупното портфолио на брендови ги носи најсвежите новости и најинтересните трендови во модниот сегмент за жени, мажи и деца.
Како една од најголемите меѓународни малопродажни синџири за облека, групацијата „LPP“ со над 6.500 м2 изнајмена површина, се позиционира како стратешки бренд на македонскиот моден пазар.