еМагазин
Image default
Балкан

Ципрас: Ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција ќе беше и на нашата северна граница

Ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во синоќешното интервју за четири грчки регионални телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас, говорејќи за грчко-турските односи, кусо се осврна и на Договорот од Преспа и ги спомена трите меморандуми со Северна Македонија, кои сѐ уште не се ратификувани во Парламентот, упатувајќи критики до актуелната грчка Влада и премиерот Киријакос Мицотакис.

„Не е сериозна слика за земјата тоа што веќе една година не ги носи за ратификација клучните аспекти на Договорот од Преспа, Меморандумите за соработка, што се корисни за Грција, бидејќи нема самодоверба или доверба дека неговите пратеници ќе ги гласаат.

Мисли дека меѓународната заедница не го гледа ова? Дека нашите соседи не го гледаат тоа? Не гледаат дека е слаб премиер во однос на ова? Не сакам да говорам многу за Договорот од Преспа.

Само една работа ќе кажам: ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница,“ рече Ципрас.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коѕијас на Твитер: Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе

Редакција

Косово поднесе апликација за членство во ЕУ

Редакција

Вучиќ на „Отворен Балкан“: Да ја зајакнеме соработката за да си помогнеме да ја преживееме зимата

Редакција