еМагазин
Image default
Бизнис

Утре почнува етапната исплата на февруарските пензии

Исплатата на февруарските пензии во етапи заради заштита на пензионерите од Ковид-19 ќе почне утре, 25 февруари, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

„За пензии до 11.000 денари, исплатата ќе се извршува утре, в петок (26 февруари) ќе се исплаќаат пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари.

За пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари, исплатата ќе биде в понеделник, 1 март, а наредниот ден (вторник, 2 март) и ќе бидат исплатени и пензиите од над 18.001 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите може да располагаат од утре, 25 февруари. Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања,“ се вели во соопштението.

Од таму апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Редакција

„Лимак“, која го гради комплексот „Diamond of Skopje“, рангирана меѓу најдобрите градежни компании во светот за 2021 година

Редакција

По пауза од речиси една година, се укинува забраната за извоз на коскесто овошје во Русија

Редакција