еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Захариева: Софија нема да подлегне на притисокот од Скопје, нема договор за историјата

Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева денеска во интервју за бугарската телевизија БТВ потврди дека заедничкиот акциски план, како и одржувањето на престојната меѓувладина конференција биле темите за кои вчера во Софија разговарала со нејзиниот македонски колега Бујар Османи.

Захариева, која вчера, како што соопшти бугарското Министерство за надворешни работи по средбата, ја потврдила принципиелната поддршка на Софија за европската интеграција на Северна Македонија, со исполнување на соодветни услови, денеска за БТВ изјави дека Бугарија нема да подлегне на притисокот од страна на Северна Македонија.

Захариева денеска со став и дека нема договор во однос на историјата, неколку клучни историски личности и за содржината на учебниците од периодот на Средниот век.

„Европската унија не функционира како Југославија, туку на друг начин и тоа и го кажуваме на Република Северна Македонија од 2019 година. Немаме впечаток дека оттаму очекуваат смена на Владата“, рече Захариева.

Таа информира дека на средбата со Османи разговарале за Акцискиот план, за кој властите во земјава, повеќе пати досега напоменуваа дека е во финална фаза.

„Се надевам дека ќе постигнеме согласност во однос на протоколот за оценка за имплементација до моментов. На престојната седница треба да се одобри протоколот за отчетот на Комисијата. Тие денеска и утре пак ќе имаат состанок“, рече Захариева, според која до моментов нема некаков резултат.

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи од Софија: Со Захариева разговаравме за одржување на состанокот на меѓувладината комисија

Денеска и утре 12. средба на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре дожд, за викендот посвежо дожливо и со ветер

Редакција

На „Бехтел и Енка“ во моментов и требаат 2.000 работници, аплицирале само 360 заинтересирани

Редакција

Загинаа двајцата пилоти од канадерот што се урна на грчкиот остров Евија

Редакција