еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе исплати ли ТТК Банка дивиденда и покрај забраната од Народна банка?

Како резултат од работењето во 2020 година ТТК Банка АД Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 100.922.015 денари, соопшти банката во предлог-одлуките за претстојното Собрание на акционери објавени преку Македонската берза.

„По одбивањето на данокот на добивка во износ од 10.291.802 денари, останува добивка по оданочување во износ од 90.630.213 денари. Се предлага износот на нераспределената добивка од 90.630.213 денари да се распредели дел за резерви и дел за исплата на дивиденда во бруто-износ на обични акции.

Во согласност со член 485 од Законот за трговски друштва, банката е должна да издвои минимум 5 % од добивката за општ резервен фонд сè додека резервите не достигнат износ што е еднаков на една десеттина од основната главнина.

Со оглед на добрата ликвидносна и финансиска состојба на банката, како и процената дека идниот развој на економската и финансиската ситуација и нејзиното влијание врз капиталот и ликвидносната позиција на банката ќе овозможат одржување на сегашното профитабилно работење, се предлага банката да издвои 9,84 % од нето добивката во износ од 8.920.293 денари во резервен фонд.

Во согласност со член 329 од Законот за трговски друштва, имателите на обичните акции имаат право на сразмерен дел во распределбата на добивката.

Притоа вкупниот износ на делот од добивката за имателите на обични акции се предлага да изнесува 81.709.920 денари со вклучен персонален данок на доход и данок по задршка каде што е применливо“, соопшти банката.

Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 90 денари, односно 9,00 % од номиналната вредност на акциите која изнесува 1.000 денари.

Народната банка завчера донесе одлуката привремено да ја ограничи исплата на дивиденди во банките поради кризата од Ковид-19. Останува да се види дали ТТК Банка ќе ја преиначи предлог-одлуката за исплата на дивиденда до одржувањето на Собранието на акционери закажано за 31 март, годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка донесе одлука за привремено ограничување на исплата на дивиденда на акционерите на банките и на штедилниците

Ќе исплати ли Комерцијална банка дивиденда и покрај забраната од Народна банка?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со момчето по потекло од Македонија за планирање на терористички напад на концерт на Тејлор Свифт, уапсено и 17-годишно момче

Редакција

Политичките партии во иднина да се воздржат од користењето на „бугарска карта“ при избори, реагираат од бугарското МНР

Редакција

Османи: Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот

Редакција