Апликацијата за попишување на дијаспората деновиве е топ тема во јавноста, откако за нејзината ефикасност пристигнаа реакции од различни страни, а од Државниот завод за статистика (ДЗС) уверуваат дека се е во ред со истата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвор од три години за тие што ќе злоупотребат апликацијата за самопопишување
Кој ја изработи
Апликацијата за самопопишување на македонската дијаспора е производ на бугарската компанија „Scalefocus“, која е основана во 2012 година, а од декември 2019 година има своја подружница и во Македонија.
Таа како што објаснија од ДЗС победила на тендерот.
Во декември 2019 година компанијата потпиша договор за државна помош согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кој таа се обврзува во наредните пет години да инвестира 45 милиони евра во Македонија и да отвори повеќе од 300 работни места за софтверски инженери.
Тогаш беше најавено дека во подружницата во Македонија првично ќе работат 85 лица, а во наредните пет години нивниот број ќе стигне до 300.
На потпишувањето на договорот беше соопштено дека компанијата има над 1.000 вработени и свои канцеларии во Бугарија, САД, Обединетото Кралство, Швајцарија и Германија и работи за 300 клиенти од кои 200 се од листата на најбогатие 500.
Во тој период работела на 500 проекти.
Најавено беше и дека во новата коммпанија во Македонија ќе се реализираат унапредени верзии на софтверските производи на оваа компанија во областа на дигиталните трансформации, електронското управување и сигурност и заштита на податоци, како и во целосна изградба и одржување на софтверски системи и решенија на највисоко ниво.
„Scalefocus“, според извештајот на „Фајненшал тајм” за 2019 година е во 1.000-те најбрзорастечки компании во Европа.
Фото: Влада