еМагазин
Image default
Балкан

Хрватска се бори со пет мутирани вируси, најнов е чешкиот

Во Хрватска е потврдено присуството на чешката мутација на коронавирус, соопшти Институтот „Руѓер Бошковиќ“.

Претходно беше потврдено дека во Хрватска се идентификувани бразилската, њујоршката, британската и јужноафриканската мутација на коронавирусот.

Професорот на загрепскиот ПМФ, Кристијан Влаховичек, за хрватскиот јавен сервис ХРТ изјави дека уште во февруари од 70 примероци, претежно од КБ Дубрава во соработка со професорот Вранеш од хрватскиот наставен завод за јавно здравство „Андрија Штампар“, чешката мутација била изолирана во 20 проценти од примероците.

„Чешкиот вид е комбинација на мутации од шкотската и британската варијанта на коронавирусот. Бидејќи има голем пораст на бројот на заразени луѓе во Чешка и Словачка, тие ја пријавија оваа нова мутација на вирусот SARS-CoV,“ рече професорот Влаховишек.

Тој истакна дека сè уште не се знае многу за заразноста на чешката мутација, но оти во секој случај треба да се биде внимателен, да се следи растот на овие мутации на вирусот, како и веднаш да се изолираат заразените пред да се прошират во популација.

МИА/Фото: Photo by Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчка Влада: Не може да има раздвојување на европскиот процес на Северна Македонија и Албанија

Редакција

Kако што Грција најде волја за решение истото треба да го стори и Бугарија, порача Ципрас

Редакција

Дури 65% од Грците се против Договорот од Преспа

Редакција