еМагазин
Image default
Бизнис

Алкалоид ќе исплаќа дивиденда од 400 денари бруто за акција

Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 04.03.2021 година, донесе предлог-одлука за утврдување на датуми за исплата на дивиденда за 2020 година, информира компанијата преку Македонската берза.

„Согласно Одлуката за употреба и распоредување на нето добивката остварена по годишната сметка за 2020 година, на акционерите им се исплатува дивиденда за 2020 година во висина од 360 денари нето, односно 400 денари бруто, за една акција.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 20.04.2021 година.

Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 21.04.2021 година.

Датум на стекнување на право на дивиденда за 2020 година е 22.04.2021 година.

Исплата на дивидендата за 2020 година ќе започне од 19.05.2021 година„, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На членовите на Надзорниот одбор на Алкалоид лани исплатени 4,2 милиони денари

Како се движеше цената на акциите на Алкалоид минатата година

„Алкалоид“ лани со инвестиции од 1,5 милијарда денари и 210 нови вработувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По пишувањето на еМагазин: Народниот правобранител отвори предмет за провизијата на Македонски телеком

Редакција

Парното ќе поскапи од 1. ноември, Бислимовски тврди не повеќе од 5%

Редакција

Највисоки просечни нето-плати во март

Редакција