еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Швајцарците на референдум изгласаа забрана за покривање на лицето на жената

Граѓаните на Швајцарија на денешниот референдум го поддржаа предлогот на екстремната десница во земјата за забрана за носење никаб и бурка, што ги носат одредени муслиманки во земјата.

Забраната ќе се однесува на покривање на лицето на јавни места, како што се рестораните, спортските објекти, јавниот превоз или при одење.

Исклучок може да биде носењето никаб и бурка во верските објекти или од безбедносни и здравствени причини, како што се носење маски за заштита од коронавирусот, јавија британските медиуми.

Швајцарската Влада се спротивстави на мерката затоа што сметаше дека покривањето на лицето е „маргинално“ социјално прашање и предупреди дека туризмот ќе биде загрозен, бидејќи повеќето жени кои туристички доаѓаат во Швајцарија доаѓаат од богатите арапски земји, во кои жените го покриваат лицето.

Предлагачите на законот тврдат дека носењето шамија на лицето ја симболизира репресијата врз жените и дека се неопходни мерки за да се одржи принципот на покажување на лицето во слободно општество, какво што е Швајцарија.

МИА/Фото: bbc.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крштевка со 200 луѓе нов кластер во Охрид: Осум се позитивни, 40 се во изолација

Редакција

Наталија Тасевска и Елвин Вели избрани за обвинители во Јавното обвинителство

Редакција

Завршува вонредната состојба: Трговците ќе може повторно да ги зголемуваат цените на маските и храната

Редакција