еМагазин
Image default
Македонија

И Демократскиот сојуз не го бендиса предлогот на Заев за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Демократскиот сојуз цени дека нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ниту понудата е сериозна, ниту пак одговорот е искрен, велат од партијата, од каде потенцираат дека нова влада треба да има после парламентарните избори.

„Ова расправа е “КОНГРЕСНА”, наспроти изборот на лидер на СДСМ и најавениот фракциски “Конгрес” на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради сето ова, нaместо јалови расправии, сметаме дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата (посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализацијата, стабилноста на државата и економскиот развој, при што опозициските партии мора поодговорно да дејствуваат и да ги поддржат законските проекти сврзани со справување со последиците од здравствената криза и градење на единство околу националните и државни прашања“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Во новата влада влегува и Сашо Мијалков како министер за правда“: Твитер реакции за предлогот на Заев за заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ

ЛДП не го бендиса предлогот на Заев: “Ако си се сакаат, нека си се земат“

ВМРО-ДПМНЕ денеска со друг став за понудата на Заев: “Пактови со мафија нема“

Фото: Демократски сојуз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ќе се сретне со Меркел, информацијата дека била против доделување датум била стара

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Заев: Може експертска влада, предводена од заеднички прифатлива натпартиска личност

Редакција

Поради смртен случај на обвинителката Русковска, судењето за насилството во Собранието одложено за утре

Редакција