еМагазин
Image default
Македонија

Обвинет во случајот „Тортура“ објасни како бил лишен од слобода Љубе Бошковски

Оштетениот во случајот „Тортура“, Љубе Бошковски, дента на неговото апсење на 6 јуни 2011 година не прифатил да се легитимира на полициските службеници од единицата „Алфа“.

Обвинетиот Петар Милошевски, во продолжение на неговата одбрана ја објасни целата постапка како е лишен од слобода Љубе Бошковски.

– Тој ја предизвика нашата интервенција. Иако јасно и гласно дадов наредба “стој, застани полиција”. Додека трчаше до колата „Ланчија“ ни се обрати со вулгарни зборови „не ме местете педери, знам кој ме мести“.

Преку возилото фрли една кеса. Пробувавме да го смириме, но Љубе Бошковски, беше во некоја афектна состојба, објасни обвинетиот Петар Милошевски, кој наведе дека и при неговото лишување за цело време негов колега држел пиштол во рацето, но во ниту еден момент не го вперил во главата или лицето, изјави Милошевски.

Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на Управата за безбедност и контразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) е осомничен за кривично дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ.

За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите поранешни припадници на единицата „Алфи“ сведочеа во предметот „Тортура“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доколку тестирањето стане задолжително за патување во странство, државата има капацитет да го спроведе

Редакција

Палевски го однесов во Белград за на преглед, не знаев за убиствата, вели неговиот адвокат Стојков

Редакција

Османи: Самоопределувањето е суверено право на државите, а не прашање што се регулира во билатералните односи

Редакција