еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО не го препорачува „туристичкиот“ ковид-пасош

Светската здравствена организација (СЗО) повтори дека вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна врз фер основа.

Високиот официјален претставник на СЗО, Мајкл Рајан рече дека таканаречените ковид-пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања, поради големиот број проблеми, вклучувајќи ги и етичките причини, бидејќи вакцините против коронавирусот не се лесно достапни на глобално ниво.

Шефот за вонредни операции во СЗО додаде дека постојат „вистински практични и етички размислувања“ за земјите што го разгледуваат прашањето за користење на сертификатите за вакцини како услов за патување, додавајќи дека Агенцијата за здравство на Обединетите нации засега не го препорачува.

– Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа, рече Рајан на брифинг со новинарите, пренесуваат американските медиуми.

СЗО претходно забележа дека сè уште не е познато колку трае имунитетот од големиот број лиценцирани вакцини против Ковид-19 и дека податоците се уште се собираат.

Рајан, исто така, истакна дека стратегијата може да биде неправедна кон луѓето кои поради некоја причина не можат да се вакцинираат и дека барањето ковид пасош може да овозможи „неправдата и неправедноста дополнително да се вметнат во системот“.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Тапани трештат низ Скопје: Продолжува протестот, илјадници граѓани по улиците

Редакција

Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска – Давкова

Редакција

Во Саудискиот конзулат во Истанбул пронајдени се „одредени докази“ дека новинарот Кашоги е убиен

Редакција