еМагазин
Image default
Локално

Гостиварец нападнал медицинско лице и кршел инвентар во болница

Полицијата повикала на разговор гостиварец, бидејќи вчера се однесувал агресивно во гостиварската Општа болница и нападнал медицинско лице.

Според СВР Тетово, вчера околу 15 часот, во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р. (78) од гостиварското село Сенокосе. Жената за кусо време починала на Интерното одделение.

Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена на одделението и агресивно се однесувал. Б.Р. почнал да удира по инвентарот во внатрешноста на просториите.

Настанот бил пријавен во полициска станица по што увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Од СВР Тетово информираат дека во тек е расчистување на случајот и се преземаат мерки за негово расчистување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец упасен кога долетал во Македонија

Редакција

Пукање во физичка пресметка меѓу две групи во локал во Скопје

Редакција

Триесетдневен притвор за 20-годишникот од Драчево кој со нож ја уби својата баба

Редакција