Емилија Богеска Шпеткова вчера информираше дека средствата за лекување на шестгодишниот Марко, кој има тумор на мозокот се собрани.
„Ве известувам дека ќе започнеме со затварање и повлекување на кутии за донација на локациите каде се собираат средства.
За донациските броеви ќе бидат операторите известени и истите од утре 11 март ќе бидат затворени за донација. Донацијата е достапна до полноќ.
Според пресметките достигнат е износот за операција. Се што е дополнително ќе се искористи за трошоците пред и после оперативно лекување.
Се надеваме дека нема да бидат потребни уште средства,“ напиша Богеска Шпеткова на нејзиниот Фејсбук-профил и се заблагодари на хуманоста на сите луѓе кои овозможија Марко да се лекува во Истанбул, кој ќе замине на 25 март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворени се телефонски броеви за донации за лекување на шестгодишниот Марко кој има тумор на мозокот
Шестгодишниот Марко треба да се лекува од тумор на мозокот, да помогнеме на оваа детска насмевка